Дома Топ вести Барселона спреми 40 милиони за ѕвездата на Салцбург

Барселона спреми 40 милиони за ѕвездата на Салцбург

Барселона е силно заинтересирана за новата ѕвезда на Салцбург, Карим Адејеми, пренесуваат каталонските медиуми.

19-годишниот Адејеми блеска во дресот на Салцбург и го привлече вниманието на многу европски гиганти, а сега и Барселона се вклучи во трката за неговиот потпис.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Чави верува дека Адејеми идеално ќе се вклупи во неговиот стил на игра и ќе може во иднина да биде голема ѕвезда на Барселона.

Каталонските медиуми пренесуваат дека Барселона веќе спремила понуда од 40 милиони евра и сакаат уште во јануари да го донесат германскиот репрезентативец.

Конкуренцијата за потписот на Адејеми е голема, но Барселона веќе започна преговори со агентот и верува дека може да ја победи конкуренцијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…