Барселона спрема понуда за дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали пренесуваат каталонските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Приоритет на Барселона во летниот преоден рок ќе биде доведување на квалитетен дефанзивец, бидејќи иднината на Пике е неизвесна, а Ленгле заминува.
Кулибали е на врвот на листата желби на Чави, а Сенегалецот најверојатно ќе го напушти Наполи ова лето.
Тој влегува во последната година од договорот, а ја одби понудата на Наполи за продолжување на соработката.
Наполи ќе мора да го продава ова лето, неговата цена е 30 милиони евра, а Барселона е спремна да ја плати таа сума.