Барселона официјално самата себе се прогласи за „најомилен и најследен клуб во светот“.
Тоа не го докажува бројкот на лајкови на Фејсбук, следбениците на Твтиер или Инстаграм, туку резултатите од студијата на Интернет која беше нарачана од страна на Барселона, односно клупскиот портпарол, Хозе Вивес.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тој објасни дека Барселона до оваа титула дошла од податоците собрани од 12.400 онлајн корисници од десет земји во текот на септември.
❤️ ?? According to a study , FC Barcelona occupy 1️⃣ or 2️⃣ position in the ranking of the most followed clubs pic.twitter.com/kMkgmgZiI4
— FC Barcelona (@FCBarcelona) November 16, 2017
Од Барселона истакануваат дека резултатите не би биле поинакви доколку истражувањето било направено една година порано, без оглед на сите друштвен и политички случувања.
Значи, се мисли на (неславно завршената) каталонска борба за независност.
Брендот на Барселона ширум светот и после овие случувања остана непроменет, а Вивес порача:
„Невозможно е „брендот“ на еден клуб каков што е Барселона да се менува од ден во ден“.
?? Barça's followers around the world pic.twitter.com/wr6mbXJKJv
— FC Barcelona (@FCBarcelona) November 16, 2017
„Брендот“ најмногу следбеници има во САД, Турција, Кина, Јапонија, Мексико, Каталонија и како што посебно се истакнува Бразил, каде што заминувањето на Нејмар не влијаеше на популарноста на каталонскиоте гигант.
Според ова истражување Барселона е втор најомилен клуб во Индонезија, Шпанија и Индија.