Дома Фудбал Барселона сака повторно да ги намали платите на фудбалерите

Барселона сака повторно да ги намали платите на фудбалерите

Раководството на Барселона повторно се обрати со молба до фудбалерите за намалување на платите поради пандемијата со коронавирус.

Клубот и играчите веќе се договорија за намалување на платите, но рокот на тој договор е при крај. Во период од три месеци фудбалерите добиваа пониски плати и благодарение на тоа клубот заштеди 40 милиони евра.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Каталонските медиуми пренесуваат дека раководството сега се обидува да се договори со фудбалерите за помало намалување на платите за уште два месеци, со што клубот додатни би заштедил 10 милиони евра.

Лично претседателот на клубот, Бартомеу разговарал со играчите, но тие веднаш го одбиле предлогот, бидејќи првенството во Шпанија ќе започне наскоро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Гатузо веќе не е селектор на Италија!

Џенаро Гатузо повеќе нема да ја извршува функцијата селектор на фудбалската репрезентација…