Иако од почетокот на 2022 година Лук Де Јонг бележи подобри настапи и постигнува голови, сепак изгледа ја нема довербата од управата.
Каталонските медиуми пренесуваат изненадувачка вест. Не е изненадување тоа што Барселона сака да се ослободи од Лук Де Јонг, но е изненадување тоа што сака да го замени со напаѓачот на Елче, Лукас Боје.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Оние кои не следат толку многу шпански фудбал веројатно не ни слушнале за него. Боје е аргентински напаѓач кој има 25 години и како фудбалер се градеше во Ривер Плата. Трансфер во Европа направи во 2016 година кога пристигна во редовите на Торино.
Во Серија А никогаш не ги исполни очекувањата и има постигнато само еден гол во најсилното италијанско првенство. По Торино следуваа епизоди во АЕК, Ридинг, за на крајот да го доведе Елче.
И кога ќе се погледне неговиот вкупен учинок тешко е да се каже дека е напаѓач кој би требало да игра за Барселона. Боје во кариерата настапи на 227 натпревари и постигна 29 гола. Најдобро се пронајде во Елче каде што на 52 натпревари има 14 гола, сепак и тоа не е некој посебен голгетерски ефект.