Екипата на Барселона потврди денес дека бразилскиот фудбалер Фелипе Кутињо ќе мора да оди на операција на коленото.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Несреќниот офанзивец на каталонскиот гигант се повреди во натпреварот против Еибар. Кратко Кутињо беше на терен и во еден момент остана да лежи на теренот и беше видливо дека нешто не е во ред.
Денес се направени дополнителни прегледи за да се утврди степенот на повредата. Вестите за Барселона и Кутињо не се добри бидејќи снимката покажа дека постои повреда на латералниот менискус во левото колено.
Поради тоа потребна е операција. Таа ќе биде направена во наредните денови и се очекува Кутињо да паузира барем четири месеци.
Сезонава Бразилецот одигра 14 натпревари за Барса и има учинок од три гола и две асистенции.