Дома Топ вести Барселона потврди: Дембеле и Кутињо се блиску до „Камп Ноу“

Барселона потврди: Дембеле и Кутињо се блиску до „Камп Ноу“

Барселона е во преговори за привлекување на Филипе Кутињо од Ливерпул и Осман Дембеле од Борусија Дортмунд, а спортскиот директор на Каталонците, Пеп Сегура изјави дека двајцата фудбалери се близу до „Камп Ноу“.

„Близу сме до Кутињо и Дембеле. Преговараме за нивните лични услови. Се надеваме дека двајцата ќе бидат играчи на Барселона уште оваа сезона“, порача Сегура.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Шпанските медиуми пренесуваат дека Барселона испратила нова понуда до Ливерпул за Кутињо од 130 милиони евра, сума која најверојатно ќе ги натера „црвените“ да го пуштат Бразилецот.

Што се однесува до Дембеле Каталонците понудија 100 милиони евра, но Борусија Дортмунд ја одби понудата. Медиумите тврат дека во следната понуда Барса ќе им гарантира на „милионерите“ додатни 20 милиони евра како бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…