
Aмериканските турнеи кои ги гледавме во претходните години можеби во блиска иднина ќе станат минато.
Во Барселона започнаа со промени за наредното лето, иако оваа неодамна започна.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Каталонците денес објавија дека наредното лето ќе одат на турнеа во Јапонија и Кина.
Ова би можело да претставува пресврт и останатите клубови да се откажат од турнеите во САД во замена за Далечниот Исток.
Причина секако се парите, распределбата на моќта и сега е нешто поинаква, пред се Кинезите претставуваа најголема економска сила во светот и полека го зимаат приматот од Американците, ако веќе не го направиле тоа.
Не е објаснето дали тоа значи дека Барселона ќе се откаже од традиционалниот Интернационале куп на шампиони кој се игра секое лето, но ова веројатно е најава во која насока ќе се одат во иднина најголемите светски клубови.
Најавата за соработка на Барселона и Јапонија можевме да видиме со трансферот на Андрес Иниеста во Висел Кобе и пред тоа кога „Ракутен“ стана генерален спонзор на клубот од „Ноу Камп“.