Дома Фудбал Англија Барселона понуди 50 милиони евра и двајца фудбалери за Погба!

Барселона понуди 50 милиони евра и двајца фудбалери за Погба!

Денеска се појавија информации дека менаџерот на Погба, Мино Раиола ги почнал преговорите со Барселона за да го осигура трансферот на својот клиент во Барселона.

Погба никако не успева да го покаже она што го знае во Манчестер Јунајтед, а не е тајна дека и односот со Мурињо не е на завидно ниво.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Се чини дека Раиола конечно одлучи да го спаси Погба, а после информациите за неговиот состанок со челниците на Барса, стигнува информација и за првата понуда на Каталонците за услугите на Французинот.

Угледниот италијански новинар Џанлука Ди Марзио соопшти дека Барселона му понудиле на Јунајтед 50 милиони евра плус Јари Мина и Андре Гомез во замена за Погба.

Сепак, оваа понуда е експресно одбиена, а наводно во Јунајтед ниту во еден момент не помислеле својот фудбалер да го продадат за 50 милиони плус двајца фудбалери, кои секако се отпишани од Ноу Камп.

Меѓутоа, не треба да се отфрли можноста наскоро од Барса да стигне нова, побогата понуда за Погба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Канисарес: Винисиус сака најголем договор во Реал, а не го заслужува со играта

Пред влезот во 2026 година, еден од главните приоритети на управата на Реал Мадрид ќе биде…