Миралем Пјаниќ вчера официјално потпиша договор со Барселона во која пристигнува од Јувентус.
Каталонскиот клуб потврди дека Пјаниќ потпишал договор на четири години, додека како дел од трансферот во спротивен правец замина Артур Мело.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пјаниќ претходните четири години со успех го носеше дресот на Јувентус, но јасно е дека трансферот во Барселона за него ќе биде чекор повеќе. Исто така, ќе биде еден од ретките играчи кои можат да се пофалат дека во кариерата играле во екипи со Роналдо и Меси.
Барселона утрово на Фејсбук страницата објави десетина фотографии на Пјаниќ од претходните дуели кога тој играл против каталонскиот клуб во дресовите на Рома и Јуве.
Јасно порачаа дека сега е време „да се видат на другата страна“, односно носејќи го дресот на Барселона.