Реванш натпреварот во осминафиналето во ЛШ помеѓу Барселона и Наполи би можело да се одигра пред празни трибини.
Шпанската влада им препорача на сите клубови да ги затворат трибините за да се спречи ширење на коронавирусот, па натпреварот на Камп Ноу веројатно ќе се игра пред празни трибини.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Спортските случувања кои привлекуваат голем број навивачи треба да се играат зад затворени врати.“ – изјави шпанскиот министер за здравство.
Веќе е одлучено натпреварот помеѓу Валенсија и Аталанта да се игра зад затворени врати, а многу веројатно истото ќе се случи и на натпреварот помеѓу Гетафе и Интер на 19. март.
Останува да видиме дали на крајот и Камп Ноу ќе биде затворен, а ако тоа се случи, ќе биде интересно да видиме како екипите ќе се снајдат пред празни трибини.
Првиот натпревар во Наполи заврши нерешено со резултат 1:1.