Дома Трансфер зона Барселона купува напаѓач од втора лига

Барселона купува напаѓач од втора лига

Напаѓачот на Тенерифе, Ентони Лозано потврди дека е во завршни преговори со Барселона и дека наскоро ќе се пресели на „Камп Ноу“.

Овој 24-годишен напаѓач од Хондурас блеска во претходните две сезони, но во втората лига, каде за Тенерифе постигна 20 гола на 66 натпревари.


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Лозано беше најдобар играч на својот тим претходната сезона, но пропушти да се пласира во првата лига бидејќи неговиот Тенерифе загуби во плеј-офот.

„Барса покажа најголем интерес и се што се шпекулираше за мојот трансфер на Камп Ноу е вистина. Преговорите се во тек и се надевам дека набрзо ќе се завршат позитивно“, откри Лозано за „АС“.

Се шпекулира дека Лозано доколку пристигне ќе добие шанса со првиот тим во текот на летото, но тешко дека ќе има голема минутажа бидејќи покрај неприкосновеното трио МСН, тука се уште и Пако Алкасер и Жерар Делуфеу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ердон Даци има нов клуб

Maкедонскиот фудбалер, Ердон Даци има нов клуб во Белгија и ќе го носи дресот на Деинзе. В…