Барселона денес го потврди трансферот на играчот кој во Португалија го носи прекарот „новиот Роналдо“.
Младиот крилен играч Франсиско Тринкао пристигнува во Барселона од Брага. Сумата не е официјално потврдена, но се пишува дека станува збор за 30 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барселона вчера имала договор со Бакамбу, но во последен момент кога играчот веќе тргнал кон Каталонија му било кажано дека Барселона се повлекува. Причината очигледно бил Тринкао, поради нешто Каталонците се одлучиле за младиот Португалец.
Тринкао има само 20 години и може да ги покрива сите офанзивни позиции, примарна позиција му е десно крило.
Во актуелната сезона на 22 натпревари постигна три гола и подели шест асистенции. Тринкао нема веднаш да стане играч на Барселона, туку ќе остане на позајмица до крајот на сезоната.
Малку чуден потег на Барселона затоа што клубот сакаше да доведе напаѓач веднаш поради повредата на Суарез.