Во овој момент вакво сценарио изгледа тешко остварливо.
Имено, според информациите на „Le10Sport“, Барселона би можела да доведе засилување од редовите на англискиот шампион, Манчестер Сити.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Играчот за врска на „граѓаните“, Илкај Гундоган е на мета на Барселона, барем според изворите на споменатиот медиум
Каталонците од поодамна се во потрага по замена за Андрес Иниеста која замина во Јапонија, а покрај Артур од Гремио сакаат да доведат и фудбалер со европско искуство.
Гундоган беше во плановите на Барселона уште додека настапуваше за Борусија Дортмунд, но тогаш Сити беше посериоен и го доведе во 2016 година за сума од 20 милиони фунти, по барање на Пеп Гвардиола.
Доколку Барселона би ја реализирала оваа операција сигурно би морале да платат барем 50 милиони фунти, но тешко е да се замисли Германецот да го напушти „Итихад“.
Пеп сигурно нема лесно да се откаже од играчот кој во минатата сезона одигра 48 натпревари.
Manchester City's Ilkay Gundogan appears to have emerged as a potential target for Barcelona after the departure of Andres Iniesta. (Le 10 Sport) #MCFC #Barca pic.twitter.com/N9Q5CGNxGk
— TransferNewsCentral (@TransferNewsCen) July 5, 2018