Дома Топ вести Барселона и го расипа трансферот на Рома, понуди 5 милиони повеќе за Малком

Барселона и го расипа трансферот на Рома, понуди 5 милиони повеќе за Малком

Неверојатна трансфер сторија се случи синоќа. Рома и Бордо потврдија дека постигнале договор за Малком и Бразилецот требаше да слета во Рим, но тоа не се случи.

Имено, во последен момет Бордо не му дозволи на играчот да отпатува за Рим, иако таму навивачите веќе беа собрани и го чекаа на аеродромот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Бордо неколку часа на своите официјални страници го потврди трансферот вреден 36 милиони евра со бонуси, закажани беа и легнарски прегледи, во Рим се беше спремно за промоција, но…

Главен виновник за пропаднатиот трансфер е Барселона, која во последен момент испратила понуда од 41 милион евра. Каталонците не можат да постигнат договор за Вилијан, па во Малкон гледаат алтерматива.

Агентот изјави дека тие веќе имаат договор со Рома и дека играчот сака да се пресели на „Олимпико“ каде ќе има поголема минутажа, но сега се зависи од Бордо, кој во меѓувреме постигна договор со Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…