Дома Фудбал Барселона и Гетафе играле помалку од еден час

Барселона и Гетафе играле помалку од еден час

Барселона вчера одигра само реми 0:0 против Гетафе во првиот натпревар од сезоната, а критики кон главниот судија по завршувањето на натпреварот испрати тренерот Чави.

Чави помеѓу останатото се жалеше и на честото сецкање на времето.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Ни нанесоа голема неправда, ова е срам за Ла Лига. Продуктот што Примера го нуди е патетичен. Не е ни чудо што никој повеќе не сака да гледа шпански фудбал. Навистина сум бесен“, гласеше неговата изјава.

Анализите кои се појавија во шпанските медиуми покажуваат дека оваа критика на Чави е сосема оправдана. Вкупно на „Алфонсо Перез“ вчера се играа 116 минути, додека ефективна игра имаше нешто над 56 минути. Oва значи дека топката мирувала 60 минути и 43 секунди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Потсетување на мајсторијата на Васил Рингов против Динамо Букурешт (Видео)

Едно од најистакнатите имиња во македонскиот фудбал, Васил Рингов, почина на 70-годишна во…