Европските гиганти на лето ќе водат битка за младиот талент на Леверкузен, Флоријан Виртц.
19-годишниот Виртц важи за еден од најперспективните фудбалери во Германија и сите експерти му предвидуваат голема кариера.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Леверкузен нема лесно да го пушти својот „бисер“, особено поради фактот што Виртц има договор до 2027 година.
„Билд“ тврди дека главната битка за неговиот потпис ќе ја водат Барселона и Баерн Минхен.
Тој на собирот со германската репрезентација изјави дека знае за интересот кон него, но е сконцентриран на настапите со Баер Леверкузен.