Фудбалерите на Висел Кобе и Барселона денес одиграа пријателски натпревар кој воедно беше и последен за Андрес Иниеста во дресот на јапонскиот клуб.
Овој натпревар беше договорен од поодамна за на крајот на сезоната, а Чави ја искористи приликата да им даде шанса на дебитантите од Барса Атлетик и фудбалерите кои не играа многу во текот на сезоната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најдобро се покажа Пабло Торе кој беше двоен асистент во 16-тата и 19-тата минута. Прво маестрално го проигра Кеси кој погоди за 1:0, а потоа од корнер го пронајде Ерик Гарсија кој погоди за 2:0.
Можеше да видиме и многу повеќе голови според шансите на двете страни, но резултатот не се промени во вториот дел.
Сепак резултатот на оваа средба беше во втор план, се беше во знакот на Андрес Иниеста. Пред натпреварот Иниеста се сретна со Чави и фудбалерите. На тренот беше до 81-та минута кога беше заменет и доби овации од целиот стадион.
💙❤️ pic.twitter.com/qaB1Cle6F6
— FC Barcelona (@FCBarcelona) June 6, 2023
Iniesta ❤️ Gavi pic.twitter.com/8elD2EnPPF
— FC Barcelona (@FCBarcelona) June 6, 2023
Iniesta Forever ∞ pic.twitter.com/AkeeLHazF5
— FC Barcelona (@FCBarcelona) June 6, 2023
Според досегашните најави, Иниеста нема да ја заврши кариерата и има понуди од МЛС лигата и Блискиот Исток.