Дома Топ вести Барселона е нов шампион на Шпанија!

Барселона е нов шампион на Шпанија!

Со вечерашната гостинска победа над Депортиво со 2:4, Каталонците ја осигураа 25. титула во шпанската Ла Лига.

Барса тргна офанзивно и веќе во седмата минута поведе со 0:1 преку голот на Фелипе Кутињо.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Кога Меси во 38. минута погоди после одличната асистенција на Суарез се чинеше дека Депортиво нема што да бара вечерва, но домаќините се вратија во игра.

Перез во 40. минута намали на 1:2, а во 64. минута Чолак погоди за израмнување.

Сепак, до крајот на натпреварот на сцена стапија Суарез и Меси. Уругваецот два пати асистираше, а Аргентинецот уште два пати погоди и ја заврши работата во овој натпревар за конечни 2:4.

Депортиво со овој пораз дефинитивно ги загуби сите шанси за опстанок и од наредната сезона ќе игра ранг подолу заедно со Малага и Лас Палмас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сè било договорено во финалето!? Дали ова е доказ дека Дијаз намерно промашил пенал!? (Видео)

Сенегал го победи Мароко по продолженијата и хаосот кој од целиот натпревар направи сериоз…