Дома Фудбал Лига на шампиони Барселона до УЕФА: Дали сте сериозни? (ФОТО)

Барселона до УЕФА: Дали сте сериозни? (ФОТО)

Барселона предводена од Лионел Меси го победи Ливерпул со 3:0 во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите и така си создаде одлична предност пред реваншот.

На овој натпревар Меси постигна два гола, а посебно воодушеви со велемајсторскиот слободен удар кога ја погоди мрежата на Алисон од повеќе од 25 метри.

Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ


УЕФА на Твитер профилот откако завршија двата полуфинален натпревар ги повика посетителите да гласаат за играч на неделата во најелитното европско натпреварување.

Номинирани за ова признание се Френки Де Јонг и Дони Ван де Бек од Ајакс и Луис Суарез и Меси од Барселона.

Од Барселона на својот профил ја ретвитнаа оваа објава со коментар: Дали сте сериозни!?. Но, на тој пост на Барселона се прикажни само играчите на Ајакс.

Секако, јасно е дека од Барселона алудираа на тоа дека после таков настап на Меси само еден играч може да биде понуден како победник.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Рабио ја отвори душата: Не разбирам како на 19 години заминуваат во Саудиска Арабија?

Францускиот играч од средниот ред Адријен Рабио одби неколку понуди од големи клубови ова …