Дома Трансфер зона Барселона го продава Кутињо за да го врати долгот кон Ливерпул

Барселона го продава Кутињо за да го врати долгот кон Ливерпул

Фелипе Кутињо се уште се опоравува од тешката повреда на коленото.

Бразилскиот играч за врска се повреди ко нкрајот на минатата година на натпреварот помеѓу Барселона и Еибар, а како што стојат работите на терените ќе се врати во финишот оваа сезона.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Кутињо го оперираше коленото и одредени информации говореа дека повеќе нема да игра оваа сезона. Но, неговото опоравување тече подобро од очекуваното и сигурно ќе биде спремен за финишот на сезоната.

Но, тешко е да се очекува дека ќе игра бидејќи во случај да забележи уште еден настап Барселона ќе мора да им плати на „црвените“ дури 20 милиони евра бонус за 100 настапи во дресот на каталонскиот клуб.

Се очекува Барселона на лето сигурно да го продаде Бразилецот, но само за да ги врати долговите за неговиот трансфер. Барса му должи на Ливерпул 50 милиони фунти и целта е Кутињо да биде продаден за таа сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид следното лето носи две ѕвезди бесплатно

Реал Мадрид ова лето го доведе Килијан Мбапе без обештетување како слободен играч, а сега …