Пред неколку дена потврдено е дека шпанската Ла Лига продолжува на 11. јуни и тоа со градското дерби помеѓу Севиља и Бетис.
Паузата во Шпанија трае скоро три месеци, но за десет дена првенството конечно ќе продолжи. Клубовите тренираат во своите кампови веќе скоро еден месец, а успеаа колку-толку да се спремат за продолжување на сезоната.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Неверојатно е што за 39 дена ќе одиграат 110 натпревари, а натпревари од Ла Лига ќе можеме да гледаме скоро секој ден. Шпанците направија распоред да ја завршат лигата до почетокот на август поради што секој ден не очекува барем по еден натпревар.
Од Примера веќе ги објавија термините за 28. и 29. коло. Еве кога ќе се играат натпреварите.
28 КОЛО:
Севиља – Бетис (11 јуни, 22:00 часот)
Гранада – Хетафе (12 јуни, 19:30 часот)
Валенсија – Леванте (12 јуни, 22:00 часот)
Еспањол – Алавес (13 јуни, 13:00 часот)
Селта – Виљареал (13 јуни, 17:00 часот)
Леганес – Ваљадолид (13 јуни, 19:30 часот)
Мајорка – Барселона (13 јуни, 22:00 часот)
Атлетик Билбао – Атлетико (14 јуни, 13:00 часот)
Реал Мадрид – Еибар (14 јуни, 19:30 часот)
Реал Сосиедад – Осасуна (14 јуни, 22:00 часот)
29 КОЛО:
Леванте – Севиља (15 јуни, 19:30 часот
Бетис – Гранада (15 јуни, 22:00 часот)
Хетафе – Еспањол (16 јуни, 19:30 часот)
Виљареал – Мајорка (16 јуни, 19:30 часот)
Барселона – Леганес (16 јуни, 22:00 часот)
Еибар – Атлетик Билбао (17 јуни, 19:30 часот)
Ваљадолид – Селта (17 јуни, 19:30 часот)
Осасуна – Атлетико (17 јуни, 22:00 часот)
Алавес – Реал Сосиедад (18 јуни, 19:30 часот)
Реал Мадрид – Валенсија (18 јуни, 22:00 часот)