Дома Трансфер зона Барселона во јануари може да добие две засилувања во нападот

Барселона во јануари може да добие две засилувања во нападот

Барселона е во финансиски проблеми, меѓутоа и покрај тоа во клубот се прават планови за зимскиот преоден рок затоа што засилувања се потребни.

Според најавите клубот би можел да добие финансиска инвестиција од Катар со која би продолжил да функционира нормално. Први на листата желби на Барселона наводно се Рахим Стерлинг и Дани Олмо.


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


Гвардиола не смета премногу на англискиот репрезентативец, Фил Фоден игра одлично. Затоа во Манчестер Сити би биле расположени да разговараат за негова продажба. Од друга страна трансферот на Дани Олмо би бил потежок. Олмо по трансферот од Динамо Загреб не е долго во Лајпциг и клубот веројатно ќе сака да го задржи. Но, се наведува дека Шпанецот има желба да се врати во Барселона.

Ќе потсетиме Олмо како младинец беше дел од „Ла Масија“, меѓутоа не доби шанса во првиот тим.  Во јануари се очекува и да има заминувања од Барселона, клбуот не смета на: Ленгле, Умтити, Кутињо…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Стигна потврда: Арсенал добива супер засилување за 45 милиони евра!

Како што стојат работите, дефанзивецот на Болоња и репрезентацијата на Италија, Рикардо Ка…