Дома Трансфер зона Барселона во офанзива: Големо засилување на чекор од „Камп Ноу“?

Барселона во офанзива: Големо засилување на чекор од „Камп Ноу“?

Трансфер периодот во каталонскиот главен град за сега се одвива така како што во Барселона го замислија.

Најмногу се пишуваше за Марко Верати и Хектор Белерин како големи засилувања, но овие цели Барселона не ги исполни, нов десен бек стана Нелсон Семедо, додека управата на ПСЖ не сака да го пушти Верати од клубот.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Барселона откако не успеа да го доведе Верати, се сврти кон Филипе Кутињо кој би, според пишувањата на каталонските медиму, требало да стане нов играч на Барселона, „Sport“ и „Mundo Deportivo“, каталонските весници кои се блиски до Барселона, пишуваат дека во клубот се оптимистични во врска со Кутињо кои наводно веќе се договорил со Барселона.

Останa уште „само“ договорот со Ливерпул околку оштетата. Англискиот клуб не сака да го пушти својот најдобар играч, но ако тој сепак одлучи да си замине, сака добро да го наплати. Ливерпул бара дури 100 милиони евра, но Барса е подготвена да понуди околку 90, откако Ливерпул одби 70 милиони.

Освен цената, состојбата во Ливерпул би било и останување до квалификациското коло од ЛШ. Ливерпул како четврта екипа во Премиер лигата игра плејоф на средината на август, а би сакале да го имаат Кутињо барем во првиот натпревар.

25-годишниот Кутињо би можел да покрие неколку позиции во средниот ред, а во случај на заминување на Нејмар би можел да игра и на левото крило. Иако оваа операција нема врска со можниот трансфер на Нејмар во ПСЖ, доаѓањето на уште еден Бразилец, и тоа пријател на Нејмар од репрезентацијата, би можел да биде силен аргумент во убедувањето на управата на Барсеона за Нејмар да остане во Каталонија. Кутињо и Нејмар се пријатели веќе речиси 10 години, од кога се заедно, како големи таленти, настапуваа за У16 репрезентацијата на Бразил

Кутињо уште како тинејџер пристигна од Васко де Гама во Интер, а потоа беше испратен на позајмица во матичниот клуб, Еспљњол, од каде се пресели во Ливерпул каде што покажа својот голем потенцијал. Во клубот е од 2013. година, а веќе стана најдобриот бразилски стрелец во историјата на Премиер лигата со 34 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид следното лето носи две ѕвезди бесплатно

Реал Мадрид ова лето го доведе Килијан Мбапе без обештетување како слободен играч, а сега …