Холандскиот дефанзивец Матијас Де Лихт ова лето го напушти Ајакс и се пресели во Јувентус.
Де Лихт беше една од главните цели ова лето, а многумина веруваа дека ќе потпише за Барселона. Со месеци се пишуваше дека Де Лихт кариерата ќе ја продолжи во Барселона и дека се договорил со Каталонците, но на крајот од тоа немало ништо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Овој млад стопер на крајот одлучи да ја прифати понудата од Јувентус и да потпише за шампионот на Италија. Овој потег ги изненади челниците на Барселона кои го обвинија Де Лихт и неговиот агент Мино Раиола дека тоа го направиле за пари.
Сепак, италијанскиот „Calciomercato“ денеска објави дека Барса не се откажала од Де Лихт. Наводно, каталонскиот клуб уште во јануари ќе се обиде да го доведе Холанѓанецот и веќе оствариле контакт со Раиола.
Оваа вест ги изненади сите со оглед на тоа што Де Лихт потпиша за Јуве пред само неколку месеци. Меѓутоа, се шпекулира дека не е задоволен од ситуацијата во Јувентус, а се разбира медиумите на Апенините со задоволство дочекаа повторно да почант да пишуваат за неговото заминување.