Дома Фудбал Барселона води во „Ел Класико“, но беа ли Каталонците оштетени за пенал?

Барселона води во „Ел Класико“, но беа ли Каталонците оштетени за пенал?

Новото „Ел Класико“ овој пат во Ла Лига во првиот половина час многу наликува на она од пред неколку дена во Копа Дел Реј.

Реал Мадрид имаше игра и создаваше прилики, но како и во купот недостасуваше реализација. Барселона тоа знаеше да го казни во 26-тата минута кога Иван Ракитиќ ја погоди мрежата на Тибо Куртоа.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Серхио Роберто го пронајде Хрватот кој на мајсторски начин го матираше белгискиот голман.

Покрај водството на Барселона од таборот на Каталонците сигурно ќе тврдат дека се оштетени за пенал. Луис Суарез нешто подоцна после голот на Ракитиќ беше во шеснаесетникот опколен со тројца фудбалери на „кралевите“, а Карвахал во тој момент играше со рака.

Меѓутоа главниот судија и луѓето од ВАР собата не се огласија.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Исак e новиот голгетер во Ливерпул! Но, до полноќ пристигнува и уште еден фудбалер!

Александер Исак конечно го засилува нападот на Ливерпул! Според информациите, Ливерпул пон…