Барселона повторно би можела бесплатно да се засили со играч од Челзи.
Станува збор за Холанѓанецот кој игра како лев бек, Јан Матсен, момче кое импресионираше минатата сезона кога беше на позајмица во Брајтон, но Покетино го сакаше во својот тим оваа сезона и добива минутажа во Премиер лигата, иако не премногу.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во претсезонските натпревари тој докажа дека е одличен фудбалер, а ако се има предвид дека договорот му истекува на крајот од оваа сезона, се чини дека сигурно ќе си замине од „Стенфорд Бриџ“.
Барса сериозно размислува да го доведе на крајот на сезоната, од јануари ќе има право и официјално да отвори преговори.
Цената на овој 21-годишен фудбалер на трансфер пазарот е околу 20 милиони евра.