Дома Фудбал Барселона без Умтити во следните четири месеци

Барселона без Умтити во следните четири месеци

Дефанзивецот на Барселона, Самуел Умтити продолжува да се рехабилитира од повредата на коленото, а каталонскиот клуб се одлучи на конзервативен метод на лечење, без операција.

Меѓутоа, не е јасно колку таквиот метод ќе се покаже како добар. Според последните вести од Шпанија, на Умтити му предстои повеќемесечна пауза и извесно е дека нема да се врати на теренот пред 2019-та година. Барселона без Умтити ќе биде на некои многу важни натпревари, меѓу останатите против Севиља, Интер и Реал Мадрид.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Доколку до крајот на месецот или до почетокот на ноември не се намалат болките, тогаш ќе се премине на „план Б“, односно Умтити ќе мора да оди на операција.

„Мундо Депортиво“ пренесува дека во таков случај Умтити ќе биде надвор од терените околу четири месеци, а можно е и до крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неверојатно: Барселона можела да го изгуби Јамал и тоа за за пет милиони евра – еве кој клуб ја пропуштил шансата!

Ламин Јамал, кој е еден од најдобрите играчи на денешницата и главен кандидат за “Зл…