Дома Трансфер зона Барса „трие раце“: Арсенал спреми 40 милиони за Андре Гомеш

Барса „трие раце“: Арсенал спреми 40 милиони за Андре Гомеш

Андре Гомеш пристигна во Баселона од Валенсија како големо засилување, но на крај се покажа како промашување, па ова лето сигурно ќе го напушти „Камп Ноу“.

Англиските медиуми пренесуваат дека во пол-позиција за неговиот потпис е Арсенал, кој е спремен да плати 40 милиони евра за португалскиот репрезентативец.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Унаи Емери е симпатизер на неговата игра и смета дека би бил идеално засилување за неговиот тим, а и самиот играч веќе им кажам ДА на „топџиите“.

Барслелона ќе биде задоволна од целата ситуација, бидејќи го донесе Португалецот за 37 милиони евра, а сега од неговата продажба ќе заработи 40 милиони евра.

Андре Гомеш не успеа да се вклопи во Барселона и во последната сезона главно ја грееше клупата, па поради тоа не беше повикан за португалската репрезентација на Мундијалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…