Германскиот „Спорт“ пренесува изненадувачка вест дека Барселона се вклучила во трката за Каи Хаверц од Леверкузен.
Тренерот Кике Сетиен смета дека тој би бил идеално засилување за Барса, но Баер Леверкузен за него бара отштета од 100 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барселона и тука сигурно ќе се обиде да ја намали цената и да вклучи некој играч. Наводно понуден е Емерсон кој оваа сезона игра на позајмица во Бетис, а се споменуваат уште Карлос Алења и Марк Кукурела.
Хаверц е 20 годишен играч за врска , неодамна изјави дека е спремен да го напушти Баер за да направи нов чекор во кариерата. Освен Барселона го следат уште Реал, Манчестер, Челзи и Баерн Минхен.
Наводно Барселона е спремна да го продаде Осман Дембеле за да го финансира трансферот на Хаверц.