Младиот дефанзивец на Осасуна, Икер Сан Висенте се најде на радарот на најголемите шпански и европски клубови.
Овој тинејџер неодамна одби да потпише професионален договор со Осасуна, па повеќе не тренира со тимот, но скаутите на големите клубови веќе подолго време го следат неговиот развој.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Логично, први кои покажаа интерес за Сан Висенте, кого уште во Шпанија го нарекуваат „новиот Пике“ се Реал Мадрид и Барселона, но силен интерес покажаува и италијански Јувентус.
Барселона бара долгорочна замана за Пике и во младиот Висенте гледа идеален негов наследник. Младиот дефанзивец многу потсетува на Пике според физичките предиспозиции, но и можноста за добар пас и техниката.
Реал Мадрид будно го следи секој шпански талент, па нормално е да е заинтересиран за Сан Висенте. Флорентино Перез ова лето донесе неколку млади и талентирани фудбалери на „Бернабеу“, па сака да продолжи со таквата политика.
Дали Јувентус ќе успее да го „украде“ талентот пред носот на шпанските гиганти, или Висенте сепак ќе заврши во Мадрид или Каталонија, остануав да видиме.