Дома Трансфер зона Барса одлучи кој играч за врска ќе го продаде

Барса одлучи кој играч за врска ќе го продаде

Како што пренесува „ЕСПН“, Барса е подготвена да се откаже од еден од двајцата играчи за врска, за кој се сметаше дека е вишок на „Камп Ноу“.

Ракитиќ ќе добие дозвола да ја промени средината, доколку за неговите услуги пристигне понуда од 25-30 милиони евра. Хрватот не е во плановите на Валверде оваа сезона, предност добија Артур и Де Јонг, додека Видал често добиваше прилика од клупата.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Се пишуваше дека искусниот Чилеанец би можел да го напушти клубот, но Барса во овој момент не е спремна да се откаже од неговите услуги. Сметаат дека Видал е важен за тимот, дека неговото влијание во соблекувалната е особено важно и дека неговиот стил на игра е единствен во каталонскиот клуб.

За споменатото дуо Интер покажа интерес, но изгледа дека Италијанците ќе мораат да се задоволат со Ракитиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Само два клуба можат да си го дозволат Флоријан Виртц

Младиот фудбалер на Баер Леверкузен Флоријан Виртц е голема желба на гигантите ширум Европ…