Не е тајна дека Барса во претходните два трансфер периоди, особено во летото 2018. година се обиде во своите редови да го доведе фудбалерот на Челзи, Вилијан.
Тие им понудија на Челзи 40 милиони, одеа се до 60, но Челзи упорно ги одбиваше нивните понуди. Бразилецот така остана во Лондон, но Барса се уште не ги крена рацете од него. Имено, Каталонците беа заинтересирани за Вилијан уште кога играше во Шахтјор, пред точно 10 години. Сепак, патот го однесе прво до богатиот Анжи, но по 11 натпревари за екипата од Махачкала се пресели во Англија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тој беше и пред вратите на Тотенхем, пред Мурињо да го убеди да дојде во Челзи. Неговиот договор со „Сините“ истекува следното лето, прашање е дали ќе ја продолжи соработката, особено поради тоа што во Челзи се свртија кон младите играчи. Барса тоа може да го искористи и конечно да го доведе Бразилецот во своите редови.