Дома Топ вести Барса конечно успеа да го регистрира Олмо

Барса конечно успеа да го регистрира Олмо

Ханси Флик ќе може да смета на Дани Олмо на утрешното гостување кај Рајо Ваљекано, откако Барселона најде начин како да го регистрира фудбалерот.

„Каталонците“ изминативе денови се ослободија од неколку играчи, Мика Фаје беше продаден на Рен, а Ленгле и Витор Роке испратени на позајмица во Атлетико Мадрид, односно Бетис.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Сепак, поради големите финансиски проблеми Барселона никако не можеше да го регистрира големото летно засилување.

Дефанзивецот Кристенсен ќе биде пријавен како долгорочна повреда, па со тоа ќе се отвори простор за Дани Олмо привремено да биде регистриран до крајот на годината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Виктор Осимен со изборот на новиот клуб ќе го “замрзне” Неапол

Виктор Осимен е во сензационална форма за Галатасарај оваа сезона за време на неговото отс…