Најдобрите фудбалери на Арсенал се на мета на шпанските гиганти.
Шампионот на Европа, Реал Мадрид се вклучи во трката со Манчестер Сити и ПСЖ за најдобриот фудбалер на Арсенал, Алексис Санчез и е спремен да испрати понуда до Лондон вредна 30 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Дон Балон“ тврди дека претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез не сака да го чека крајот на сезоната кога на Санчез ќе му истече договорот туку ќе се обиде да го доведе веќе во јануари.
Реал сака да се засили во нападот, посебно бидејќи во текот на летото не успеаа да го доведат Килијан Мбапе.
Чилеанецот пред Арсенал го носеше дресот на Барселона и доколку се одлучи за враќање во Шпанија би бил еден од ретките фудбалери кои го носеле дресот и на двата тима.
Пред него тоа го направија Луис Енрике, Михаел Ландруп, Роберт Просинечки, Самуел Ето, Џорџ Хаџи, Луис Назарио Де Лима Роналдо, Луис Фиго...
Од друга страна Барселона е спремна да му понуди на Арсенал сума од 20 милиони евра за да го доведе Германецот Месут Озил во јануари пренесува, „Мундо Депортиво“.
Како што се наведува, Каталонците не сакаат да го чекаат јули кога на Озил ќе му истече договорот, се надеваат дека Арсенал ќе ја прифати нивната понуда од 20 милиони евра.
Озил би требало да биде долгорочна замена за Андрес Иниеста кои најверојатно ја игра последната сезона во Барселона