Дома Топ вести Барса има план: Нова клазула во договорот на Меси, би можел да замине и без оштета

Барса има план: Нова клазула во договорот на Меси, би можел да замине и без оштета

Последен пат во претседателската канцеларија, Меси на 25 ноември 2017 со Хозе Марија Бартомеу стави потпис на нов договор до јуни 2021 година, но Барселона сака да се обезбеди дека Меси ќе остане во Каталонија скоро до крајот на неговата кариера.

По повод ваквата желба, каталонскиот „Мундо Депортиво“ пишува дека управата на шпанскиот шампион разработила план според кој Аргентинецот ќе го задржат на „Ноу Камп“ со посебна клазула.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Според истата, Меси на крајот од сезоната 2019/2020, пред да влезе во последната година од договорот, би можел  да го напушти клубот – без оштета!

Но, како што опишува „Мундо Депортиво“ таа клазула нема да важи за „елитните клубови од Европа“.

Лео би можел буквално без оштета да ја напушти Барселона и да се пресели на некоја егзотична дестинација како што тоа го правеа неговите поранешени соиграчи, Чави со заминувањето во катарски Ал Сад и Андрес Иниеста во јапонскиот Висел Кобе. Во двата случаи клубот покажа добра намера и им овозможи на своите легенди во „старите денови“ да заминат без нивните нови работодавачи да плаќаат оштета, а тие на другиот крај на светот да заработат уште некој милион.

Се претпоставува дека тоа би се случило и со Меси, секако ако посака да оди во Азија, Австралија, САД…

Како што споменавме клазулата нема да важи за кубови како: Реал, Манчестер Јунајтед, Баерн, Манчестер Сити, ПСЖ…Ако некој од нив посака да го види Меси во своите редови покрај тоа што ќе треба добро да се намачи да го убеди, ќе мора да плати и огромни 700 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Баерн го доби дербито, Сити заборави да победува

Манчестер Сити продолжи со серијата на лоши резултати, Баерн Минхен со минимална победа го…