Дома Фудбал Останато Барса или некој друг го сака Нејмар? Агентот кој соработуваше со него ја соопшти сумата која ја бара ПСЖ

Барса или некој друг го сака Нејмар? Агентот кој соработуваше со него ја соопшти сумата која ја бара ПСЖ

Нејмар се уште е желба на Флорентино Перез, така барем тврди познатиот агент Вагнер Рибеиро кој учествуваше во трансферите на Нејмар, Кака и Робињо.

Рибеиро со години се грижеше за кариерата на Нејмар, а тој е оној кој успеа да го продаде во Барселона од каде што потоа премина во ПСЖ за 222 милиони евра, трансфер кој се уште е најголем во историјата на фудбалот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Добивавме понуди од цел свет. Челзи ни испрати понуда кога бевме во Њујорк, во 2010. Тогаш Нејмар дебитираше за Бразил. Ја разгледавме нивната понуда, но ништо не одлучивме. Ја пренесовме понудата на таткото на Нејмар за тој да одлучи и тој ја одби“.

„Подоцна добивавме понуди од Јувентус и Баерн, а Реал не бараше неколку пати, лично Флорентино Перез. Се сретнав со него минатата година и ми кажа дека сонува да го има Нејмар. Меѓутоа тој кој го сака Нејмар ќе мора да плати 164 милиони евра, толку ПСЖ бара. Јас лично мислам дека тој е подобар од Меси и Роналдо, никогаш не сум видел да одиграл лош натпревар“, изјави Рибеиро за „ЕСПН“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…