Месут Озил е пред заминување од Арсенал и тоа е јасно.
Помеѓу клубовите кои сакаат да го доведат Германецот сега се појави и Барселона. Озил изгледа незаинтересирано во Арсенал и веројатно негово заминување е само прашање на време.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Договорот на Озил со Арсенал истекува на лето, а од јануари ќе биде слободен да преговара. Сепак, се пишува дека Венгер би можел да го продаде и во овој преоден рок кој ќе биде последна прилика да заработи на Германецот.
Сега се појавуваат информации дека Барселона спремила понуда која би требало да му се допадне на Венгер.
Тие се спремни да се откажат од Андре Гомеш, но и дополнителни 20 милиони евра. Гомеш е фудбалер кој во Барселона не успеа да се снајде. Каталонците сакаат да се ослободат, а познато е и дека се најде на „црната листа“ на Меси.
Од друга страна во Арсенал можеби би имал прилика и повеќе простор да ги покаже своите квалитети.
Оваа понуда во овој момент изгледа како најдобра опција за Венгер и Арсенал бидејќи покрај парите би добиле и фудбалер во средниот ред кој би можел да ја врати својата одлична форма со која некогаш настапуваше во дресот на Валенсија.