Дома Фудбал Барса го претстави Паулињо: Дојдов да се борам за трофеи!

Барса го претстави Паулињо: Дојдов да се борам за трофеи!

Барселона денес на „Камп Ноу“ го претастави новото засилување, Бразилецот Паулињо кој ќе го засили средниот ред на Каталонците.

Паулињо во Барселона доаѓа од кинески Гуангжу, а Каталонците за неговиот потпис платија 40 милиони евра.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Ова е посебен момент за мене. Му благодарам на клубот што до крај се бореше за мојот потпис и беше одлучен во намерата да ме доведе. Ќе се потрудам довербата да ја вратам на теренот. Дојдов во Барса да се борам за трофеи“, истакна Паулињо.

Бразилецот потпише 4-годишен договор со Барселона и го задолжи дресот со број „15“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лионел Меси доби ретка чест од Интер Мајами

Лионел Меси ќе стане дел од редок спортски потег, бидејќи Интер Мајами најави дека трибина…