
Еден од најдобрите играчи во последните десет години, Андрес Иниеста наредниот викенд ќе го одигра својот последен натпревар во дресот на Барселона.
Иниеста одлучи на крајот од оваа сезона да ја напушти Барселона каде помина скоро 20 години. Капитенот на Барса наредниот викенд сигурно ќе има големо простување пред домашните навивачи.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Од Барселона најавија спектакуларно простување какво што Инеста заслужи. Исто така, клубот денеска пушти во продажба дресови во чест на Андрес Иниеста, осмицата во хоризонтална положба што претставува знак за бесконечност.