Репрезентацијата на Македонија ја очекува последниот циклус од квалификациите за Европското првенство во 2020 година.
Прво на 16-ти (сабота) ќе играме против Австрија на гостински терен, а потоа на 19-ти во вторник дома ќе го пречекаме Израел. Пред овие натпревари Енис Барди истакна дека најголемата мотивација за сите фудбалери треба да биде што имаат прилика да играат за Македонија.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Поголема мотивација од тоа што сме тука и што играме за Македонија нема. Професионалци сме и ќе играме за да бидеме подобри. Натпреварите кои следат ни се важни. Шанса за пласман на Европското првенство постои преку Лигата на нации. Ќе дадеме се од себе како и во секој натпревар, нашата цел е пласман на ЕП“.
„Според мене поразот во Скопје од Австрија беше еден лош ден. Сега треба да бидеме попаметени и поконцентрирани. Тешко е да се игра против Австрија, тие се физички силни, но ние имаме одлични играчи. Не победија со 4:1 во Скопје и такво нешто не направила некоја репрезентација долго време, затоа ќе бидеме дополнително мотивирани да покажеме дека можеме да се надигруваме со нив“, изјави Барди.