Дома Фудбал Останато Барди најави останување во Леванте, иако клубот испадна во втора лига

Барди најави останување во Леванте, иако клубот испадна во втора лига

Македонскиот репрезентативец, Енис Барди, најави  дека може да остане во Леванте, иако клубот испадна во втората шпанска лига.

Договорот на Барди со Леванте истекува ова лето, но нашиот репрезентативец изгради легендарен статус во клубот и е спремен да остане и во втора лига.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Медиумите најавуваат дека Барди ќе направи трансфер како слободен агент, но последната порака од Барди ја протолкуваа како можност да остане.

„Пристигнав во Леванте пред пет години, го направив тоа за да растам, со желба да бидам на нивото на овој голем клуб. Заедно доживеавме добри и лоши моменти, а оној од вчера без дилеми е еден од најлошите и најтешки моменти во мојата професионална кариера. Огорчени сме бидејќи не бевме на нивото, не бевме на нивото на навивачите кои и вчера беа на наша страна во овој најлош момент. Можеме само да се заблагодариме за поддршката, и да кажеме дека ЗАЕДНО ќе го вратиме клубот онаму каде што заслужува да биде“, порача Барди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул спрема понуда за Родриго

Реал Мадрид размислува да го продаде Родриго за 90 милиони евра, а сега и Ливерул се вклуч…