Maкедонскиот фудбалер Енис Барди имаше одлична дебитантска сезона во најсилната конкуренција во Ла Лига, па Леванте секако дека сака да го задржи во своите редови.
Според информациите од Шпанија, Леванте сака побрзо да постигне договор со Барди за продолжувње на соработката со што Барди би добил и поголема плата. Покрај тоа дури двојно повеќе би се зголемила и неговата откупна клазула.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во овој момент Барди може да го напушти Леванте доколку некој клуб понуди 25 милиони евра. Во Леванте се свесни за неговиот квалитет, па сакаат новата клазула во неговиот договор да изнесува 50 милиони евра.
Кога во прашање се примањата на Барди тој во овој момент добива околу 500.000 евра годишно и според тоа е помеѓу најмалку платените фудбалери на овој клуб, а со игрите од минатата сезона покажа дека залужува повеќе, па клубот е спремен да го награди.
Барди со Леванте во првото коло од Ла Лига ќе се сретнат со тимот на Реал Бетис наредниот викенд.