Италијанскиот напаѓач, Марио Балотели кој го носи дресот на Адана од Турција, по подолго време повторно се најде на списокот фудбалери на репрезентацијата на Италија.
Пред баражот со Македонија, Манчини одлучи да го стави Балотели на поширокиот список за овој дуел. Сега во интервју за порталот Атлетик, Балотели даде прилично самоуверена изјава.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Убеден сум дека сум на исто ниво како Роналдо и Меси според квалитет, сепак пропуштив неколку шанси. Роналдо освои пет златни топки и не можам да се споредувам во тој поглед, но ако зборуваме за квалитет немам на што да им љубоморам, ниту на него, ниту на Меси“, порача Балотели.
Како најголема грешка Балотели го гледа заминувањето од Манчестер.
„Најголемата грешка во кариерата ја направив кога заминав од Манчестер Сити. Таму играв добро, а потоа се појавија проблеми. Од денешна гледна точка знам дека тогаш погрешив“, порача Балотели.
Ќе потсетиме, Италија и Македонија бараж за Светското првенство играат на 24. март во Палермо.