Новата ѕвезда на Манчестер Сити, Габриел Жесус доби совет за љубовните врски и тоа од човек кој е можеби најквалификуван за такво нешто.
Младиот Бразилец го привлече вниманието на медиумите со прославата на голот кога имитиреше телефонски разговор, а со тој гест и испрати порака на поранешната девојка.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Неговиот потег го поздрави и контроверзниот Марио Балотели, кој притоа му даде и совет како треба да се однесува со таквите девојки.
„Браво. Кажи им НЕ на спонзорушите“, напиша Балотели на Инстаграм.
Италијанскиот напаѓач во текот на кариерата имаше врска со многу спонзоруши, па затоа неговиот совет е „злато вреден“.