Дома Фудбал Останато Балотели: Мојата најголема грешка е што го напуштив Сити, ако размислувам како денес ќе ја освоев „Златната топка“

Балотели: Мојата најголема грешка е што го напуштив Сити, ако размислувам како денес ќе ја освоев „Златната топка“

Своевременот Марио Балотели важеше за еден од најголемите италијански и светски фудбалски таленти, меѓутоа никогаш не го исполни својот талент во целост.

Претходната сезона Балотели ја помина во Турција во редовите на Адана Демирспор, а сега откри што смета за негова најголема грешка во кариерата. Италијанецот од денешна гледна точка верува дека не требало да го напушти Манчестер Сити во 2013 година.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Мојата најголема грешка беше што го напуштив Манчестер Сити, иако по заминувањето играв добро година ипол во Милан. Потоа дојдоа проблеми, сега сум постар и знам дека не требаше да заминам од Сити. Можев да поминам таму многу години како Агуеро, ако го имав истиот начин на размислување како денес веројатно ќе освоев и Златна топка, сигурен сум. Кога ќе пораснете, позрели сте и сфаќате каде сте грешеле“, изјави Балотели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Отворена дисциплинска постапка против Пелистер!

Фудбалската федерација на Македонија потврди дека е отворена постапка против Пелистер за в…