Дома Фудбал Останато Балотели за Меси: Во име на фудбалот не го споредувајте со бројот 7 од Јувентус

Балотели за Меси: Во име на фудбалот не го споредувајте со бројот 7 од Јувентус

Барселона вчера пред своите навивачи направи голем чекор напред на патот до финалето во Лигата на шампионите. Каталонците со 3:0 го декласираа Ливерпул и само чудо на „црвените“ во реваншот може да ги спречи да стигнат до финалето од најелитното европско натпреварување.

Посебно расположен кај Барселона беше Лионел Меси кој постигна два гола, посебен беше вториот кога погоди на маестрален начин од слободен удар.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Во тие моменти Меси ја крена публиката на нозе и собра овации од стадионот.

Редовно кога некој од Меси и Роналдо ќе има ваква магична вечер одново започнуваат споредбите, а сега се огласи Марио Балотели кој даде еден коментар во свој стил.

„Во име на фудбалот немојте да го споредувате со бројот 7 од Јувентус“, напиша Балотели, секако алудирајќи на Кристиано Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Росениор: Сè уште сме во трка за топ-5 и може да го освоиме ФА-купот

Тренерот на Челси, Лиам Росениор испрати јасна и мотивирачка порака до својот тим, истакну…