Џенова вчера го победи Наполи со 1:2, Горан Пандев ја погоди мрежата на Наполи, но неговиот гол беше поништен од ВАР поради наводен прекршок кој во најмала рака беше спорен.
По натпреварот Балардини зборуваше за овој момент и смета дека голот бил регуларен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Играта ми се допадна и задоволен сум. На терен видов солидна екипа, со добар карактер кој сакам да го гледам. Голот на Пандев според мене не требаше да биде поништен. Ги видов играчите на Наполи како се смеат. Но, тоа е тоа, сега нема да зборувам на таа тема“, изјави Балардини.
Сега во европскиот фудбал следи паузата поради репрезентативните натпревари во квалификациите за Светското првенство.