Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Бака и Урибе добиваат смртни закани после промашените пенали

Бака и Урибе добиваат смртни закани после промашените пенали

Колумбија синоќа беше елиминирана во осминафиналето на Мундијалот од Англија после изведување на пенали, а трагичари беа Матеус Урибе и Карлос Бака.

Бака и Урибе не успеаа да ги реализираат ударите од белата точка, па сега се цел на закани. Двајцата фудбалери добиваат смртни закани на социјалните мрежи бидејќи се етикетирани како најголеми виновници и нив им се порачува да не се враќаат во Колумбија, бидејќи директно им се загрозени животите.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Дел од навивачите застанаа во нивната одбрана, предупредувајќи дека не смее да са повтори случајот на Андрес Ескобар, колумбиски репрезентативец кој беше убиен во 1994 година во својата земја, само десет дена откако постигна автогол во натпревар на СП против САД.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Њукасл против Ман Сити за ФА Купот

Дербито во петтото коло од турнирот за Купот на Фудбалската Асоцијација на Англија ќе биде…