Колумбискиот напаѓач Карлос Бака јавно призна дека сака да се врати во Шпанија, иако има договор со Милан.
Бака минатата сезона ја помина на позајмица во Виљареал, но шпанскиот клуб не плати 15 милиони евра за да го откупи неговиот договор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бака има договор на уште две години со „росонерите“, но најверојатно ова лето ќе го напушти италијанскиот клуб.
„Се чувствувам одлично во Шпанија и сакам да останам. Имам договор со Милан и чекам информации да видам што ќе се случи. Во следните денови ќе се вратам во Милан и ќе разговарам со клубот да ги слушнам нивните намери“.
„Спремен сум да го испочитувам договорот, но мојата желба е да се вратам во Шпанија. Треба заедно да донесеме одлука, па ќе видиме што ќе се случи. Се му препуштам на Бог“, изјави Бака.
Бака минатата сезона постигна 15 гола за Виљареал, а интерес за него покажуваат неколку кинески и турски клубови.